0 коментари 2 мин. читање

Европскиот суд за човекови права пресуди: Масновното прислушување е нарушување на човековите права

Европскиот суд за човекови права донесе одлука дека масовното прислушување е незаконско и ги нарушува основните човекови права. Одлуката се однесува на случај против британската агенција за разузнавање, но без сомневање ќе се користи и во сите следни пресуди.

Тужбата пред Судот за човекови права ја поднесоа неколку невладини организации, помеѓу кои се и: American Civil Liberties Union, Amnesty International, Big Brother Watch, Liberty, Privacy International. Асоцијациите доаѓаат од целиот свет. Организциите поднесоа тужба по  три точки: 1. Масовно прибирање на податоци на корисниците; 2. Размена на податоци со странски служби; 3. Барање од операторите за чување на податоците на нивните корисници.

Одлуката дека масовното прибирање на податоци е незаконско е донесено со 5 гласа за и 2 против. Иако судот не утврди дека овој начин на прибирање податоци е нелегален, доволно е што велат дека не се преземени мерки за надзор. Ова се однесува и на изборот на носители за прислушување и за филтрирање; пребарување и селекција, но и заштитни механизми за избор на поврзаните комуникациски податоци, вели TechCrunch.

Со 6 гласа на судиите за и 1 против, судот одлучи и дека однесувањето на агенциите при собирањето на податоци е во спротивност со законот.

Сепак ова е само еден од членовите по кој судот ја поддржа тужбата. Другите членови кои се однесуваат на споделување на информациите помеѓу агенциите на САД и Британија не ја добија поддршката на судот.

За жал судот одлучи и дека барањата за чување на податоци кај операторите на подолг период не е противзаконско.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top