Fits.me (Естонија) е иновативен веб сајт за виртуелно испробување на облека. Ова е супер идеја за да го унапреди онлајн шопингот кога се работи за облека. Сo Fits.me ги одбирате вашите телесни пропорции и испробувате облека. Едноставно и навистина корисно.
Inbox2 (Холандија)
е креативна имејл апликација која ги склопува сите имејлови и друштвени мрежи на едно место. Од стартувањето Inbox2 e симнат над 25.000 пати и се очекува да објави мобилни верзии.
Аpprupt (Германија) е компанија која нуди алатки за мониторинг на потенцијалот на мобилни апликации за девелоперите, но и мрежа за поедноставно и поквалитетно рекламирање на апликациите, нудејќи рекламирање на разновидна таргетирани групи и плаќање по симнување.
Hipui (Финска) e компанија која се бави со развој на нова плафторма за изработка на мобилни апликации, користејќи сензори и нов интерфејс за изработка на „облак“ апликации. Пример за апликација на Hipui e Funkyplayer апликацијата за iPhone.
Тука за целата листа на 20-те старт-ап проекти во натпреварувањето.

Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.