Европската Унија разгледува предлог закон кој ќе овозможи филтирање и надзор на споделена содржина. Ова секако и не е некоја новост, но овој пат дел од овие платформи се и платформите за споделување на код, како на пример Github.
Предлогот главно се однесува на платформи за споделување на музика и видео. Овие сервиси преку споделување на содржини зараборуваат добро, иако често и содржината не е дозволена за споделување. Поради ова, Европската Унија сака автоматски да се филтрира содржината која може да се закачи на овие сервиси.
Автоматското филтирање на содржина никогаш не е добра идеја. Генерално ова овозможува креирање на машина за цензура, а потоа никој не е одговорен што системот отстранува содржини.
„Филтирањето на код ќе го направи системот помалку доверлив и поскап“, велат од Github на својот блог.
Поради ова од платформата излегоа со апел до сите европски девелопери. Да одат и да разговараат со своите претставници. Да им објаснат дека ваков систем е своевидна форма на следење на луѓето; ја нарушува слободата на говор; не е ефикасен, алатките не се совршени, па дел од содржините ќе се „протнуваат“, а дел кои не треба да бидат отстранети, ќе бидат.







