Европската Комисија повторно има проблеми со Google

во ИТ.ЕУ

Откако веќе ја предупреди компанијата да не го злоупотребува статусот кој го има при пребарувањето, до регулаторот стигна жалба за мобилниот оперативен систем Android, пишува New York Times.

Жалбата е поднесена од Nokiа и нивниот партнер Microsoft, но и компании како Oracle, а пред сè се однесува на условите кои ги поставува Google кога се инсталираат нивните апликации на Android уредите. Компаниите обвинуваат дека апликации како YouTube или Google Maps мора да бидат поставени на десктопот на телефоните.

Претседателот на анти-монополската комисија, Хоакин Алмуниа, истакнува дека оваа жалба ќе мора да се разгледува посебно од онаа која се однесува на пребарувањето, но истовремено и не потврди дека ќе биде отворен процес за ова. Што се однесува до процесот кој трае, Европската Комисија е загрижена пред се од обемот (90 отсто) кој го има пребарувањето преку Google во Европа. Едно од можните решенија е етикетирање на резултатите, кои се и кои не се од Google. Ова би ја намалило можноста компанијата да протежира и презентира „свои“ производи. За алгоритмот за претражување г. Алмунија вели дека не би морало да се чепка во начинот на кој Google ја прави својата „магија“.

Google би можел да се најде пред комисијата и за фрагментите од веб страните кои ги објавува без одобрение на авторите, но и поради целосна изолација на страните со кои имаат вакво недоразбирање. Apple и Microsoft се жалат и на условите под кој ги добиваат дозволите за користење на патентите од Motorola Mobility.

Како и за Microsoft, така и за Google, Европската комисија најверојатно ќе се покаже многу построга од американската FTC која ја прекина истрагата против Google бидејќи не прекршува анти-монополски правила.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk