0 коментари 3 мин. читање 11 ноември, 2020

Европа го обвини Amazon за нарушување на конкуренција на слободниот пазар

Комисијата за заштита на конкуренција го обвини Amazon за нарушување на конкуренција на пазарот во Европа. Комесарката Маргарет Вестагер го пренесе заклучокот дека онлајн гигантот ја злоупотребува својата доминантна положба на пазарите во Германија и Франција.

Истрагата траеше една година и Европската комисија се сомнева дека компанијата ја злоупотребува својата платформа. Истрагата покажала дека податоци кои не се јавни им се достапни на вработените во Amazon. Обработката на овие податоци би можела да му помогне да своите понуди да ги фокусира во најдобро продаваните и тука да ја прилагоди својата понуда врз база на податоците кои не се јавно достапни.

Мора да обезбедиме платформите со двојна улога и со огромна пазарна моќ, како што е Amazon, да не ја нарушуваат конкуренцијата.

Податоците за активноста на трети продавачи не треба да се користат во корист на Amazon, кога делува како конкурент на овие продавачи. Условите за конкуренција на платформата Amazon мора да бидат фер. Правилата не треба да ги фаворизираат сопствените понуди на Amazon, или да креираат предност за понудите на трговците кои користат услуги за логистика и испорака на Amazon.

E-трговија e во подем, а Amazon е водечка платформа за е-трговија, фер и незлоупотребуван пристап до потрошувачите преку интернет е важен за сите продавачи, вели комесарката Маргарет Вестагер.

Компанијата ги отфрла обвинувањата и додава дека ќе ги објасни фактите пред комисијата. Amazon нема пракса да прегледува податоци за производите кои продаваат конкурентите пред да излезат со сопствен производ. Сепак Wall Street Journal дозна дека ова сепак не е точно. По ова Џеф Безос најaви дека ќе има интерна истрага за да се проверат наодите.

Amazon е дел од најголемите компании кои неодамна беа обвинети за иста, или слична пракса и во Соединетите Американски Држави.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top