Европа го најави предлог-законот за дигитално евро за 2023

Европската комисија минатата недела најави дека предлог-законот за дигитално евро ќе биде поднесен на почетокот на следната година. Предлогот кој ќе се разгледува ќе изгради законската рамка за легализација на дигиталното евро како криптовалута. Со ова ќе и се овозможи на Европската централна банка да продолжи со понатамошна техничка работа за развој на дигиталното евро.

Европската централна банка веќе работи на интерни тестирања на дигиталното евро. Првиот функционален прототип е најавен за 2023 година. Aко резултатите од овие тестови се позитивни, првите дигитални евра може да ги очекуваме најрано во 2025 година. Јавната расправа за озаконувањето на европската дигитална валута треба да се одржи следниот месец јави Politico.

Дигиталното евро ќе биде дигитална валута со која ќе управува Европската централна банка и ќе се користи за трансакции во евро-зоната. Електронската валута нема да има никаква физичка форма туку ќе постои единствено онлајн. Со новата валута нема да се прават никакви промени на еврото, ниту на неговата физичка форма. Двата системи ќе продолжат да работат паралелно, а физичките евра ќе се употребуваат и понатаму.

По изгласување на законот во Европскиот парламент, потврда на дигиталното евро треба да дојде и од парламентите на државите членки на Унијата.

Дел од потенцијалните пречки се опасностите кои ќе ги донесат промените за постоечкиот финансиски систем. Едно од стравувањата на банките е дека во случај на финансиска криза граѓаните би можеле да ги претворат своите депозити од банките во дигитални, и наеднаш да ги повлечат. Друга опасност е нечувањето на парите на банкарски сметки, и неможноста на банките да понудат заеми. Во овој случај ќе биде неопходна ревизија на постоечкиот бизнис модел.

Што е дигитално евро

Дигитално евро е дигитална валута која ќе биде електронска форма на еврото. Наместо печатена ќе биде издавана како електронска валута. Ќе го издава Европската централна банка и националните банки на државите членки.

Дигиталното евро ќе биде паралелен систем кој ќе функционира заедно со постоечките физички банкноти. Дигиталната валута нема да биде замена на постоечкиот систем туку ќе биде негово проширување и надополнување. Целиот еко-систем, на граѓаните на еврозоната ќе им обезбеди да имаат пристап до своите финансии, без разлика на која локација во Европа се наоѓаат.

Како и останатите електронски валути, и дигиталното евро се базира на блокчејн технологија. Сите корисници кои сакаат да го користат ќе треба да поседуваат дигитален новчаник. Дигиталното евро е дигитален кеш; За плаќање со него нема потреба од банкарска сметка, ниту криптовалутата ќе биде врзана со некоја банка во која корисникот ќе треба да поседува сметка. Ова, слично како во Ел Салвадор ќе им овозможи учество во финансискиот систем на сите, без разлика дали поседуваат банкарски сметки. Дополнително во случај на криза, државите ќе можат побрзо и полесно, финансиски да ги поддржат своите граѓани. За разлика од децентрализираните криптовалутите кои се нерегулирани и имаат скоковите промени во вредноста, дигиталните валути издадени од централните банки треба да бидат стабилни и безбедни.

Придобивките од централизираните валути се слични како и кај веќе постоечките криптовалути. Најголемата придобивка е отстранувањето на банките како посредници во процесот на плаќање. Ова ќе овозможи директни трансакции помеѓу учесниците во размената, без разлика дали станува збор за трансакции „човек кон човек“ или „клиент кон услуга“. Плаќањето ќе биде брзо, лесно, едноставно и безбедно. Електронските валути ќе овозможат и иновации кај продавниците. Банките лесно ќе можат да ги следат трансакциите, што ќе ги оневозможи затајувањето на данок и перењето пари.

Еден од недостатоците на централно издавање на дигитални валути е немањето приватност. Трансакциите лесно се следат, што е корисно за спречување на перењето на пари, но не и за приватноста на граѓаните. За ова, Европјаните ќе можат и натаму да користат физички евра кои овозможуваат поголема приватност.

До каде е остатокот од светот

Податоци на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека над 100 држави работат на сопствена дигитална валута издадена од централните банки. Дел од државите веќе започнале со издавање на ваква валута.

Во октомври 2020, Централната банка на Бахамите издаде „Sand Dollar“ и со тоа е прва држава која има дигитална валута. Една од причините за издавање на електронското решение е што 20 отсто од граѓаните на Бахамите немаат банкарски сметки. Со додавањето на новата електронска валута и тие можат да се вклучат во финансискиот систем.

eNaria е дигиталната валута на Нигерија. Апликацијата-новчаник досега има 700 000 преземања. Засега eNaria не ја исполни својата основна намена. Нигерија има 219 милиони жители, и иако 90% поседуваат мобилен телефон, помалку од 20% поседуваат паметен телефон, кој е неопходен за користење на eNaria. Иницијативата требаше да ги вклучи во финансискиот систем луѓето кои немаат банкарски сметки. Сепак се чини дека добар дел од Нигеријците без банкарска сметка не поседуваат ниту паметен телефон.

Антигва и Барбуда, Доминиканската Република, Гренада, Монсерат, Сент Китс и Невис, Света Лусија и Сент Винсент и Гренадини издадоа заедничка дигитална валута DCash. По креирањето на валутата Антигва ја напушти иницијативата и веќе не е дел од неа. Корисниците на апликацијата-новчаник можат да ја користат за плаќање со QR-код на различни локации на Карибите.

Една од европските држави кои тестираат дигитално платежно средство е Шведска. E-Krona е во развој, а пилот проектот треба да ги покаже придобивките. Засега тестовите се со симулација на учесници, но планот е наскоро да се приклучат надворешни учесници во проектот.

 Додека Европа разгледува законски решенија, Кинa веќе започна со издавање на дигитален јуан (e-CNY). За кинеската дигитална валута, Олимписките игри во Пекинг кои се одржуваат во моментов, можат да бидат финален тест пред проширување на нивната употреба. Пилот проектот на дигиталната валута започна во 2020 година, а за оваа година е најавена широка домашна примена. Досега стотици милиони корисници плаќале со електронскиот јуан и направени се трансакции со вредност од неколку милијарди јуани. Посетителите на Зимските олимписки игри, наместо да користат пари, можат да платат преку апликацијата, пренесе Euronews.

Се чини дека носењето на дигиталното евро е извесно. Германија и Франција ја поддржуваат електронската валута и ја „туркаат“ иницијативата. Притисокот од Кина која веќе го тестира дигиталниот јуан, и стравувањето од технолошко, а и финансиско доцнење се главни придвижувачи на иницијативата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (0)

Loading new replies...

Каде сте сеа песимисти на криптовалутите... Тропаме на вашите врати - Чук Чук полтрони!

одговори 8 лајкови

сега сите графички ќе ги купат германците и французите и го ебавне ежот

одговори Лајк

Ние земјоделците ќе престанеме да одгледуваме и продаваме храна,
па изволте крипташи, џвакајте си ги риговето.

одговори Лајк

Каде сте сеа песимисти на криптовалутите... Тропаме на вашите врати - Чук Чук полтрони!

Свесен си дека ова не е нешто што ќе може да го копаш во подрум, така? Дека вредноста ќе биде врзана со "книжното" евро и дека нема да флуктуира 20% во 24 часа? Дека блокчејн е технологија а не криптовалута? Дека земјата е округла и дека слетавме на месечината пред повеќе од 50 години?

одговори 18 лајкови

Свесен си дека ова не е нешто што ќе може да го копаш во подрум, така? Дека вредноста ќе биде врзана со "книжното" евро и дека нема да флуктуира 20% во 24 часа? Дека блокчејн е технологија а не криптовалута? Дека земјата е округла и дека слетавме на месечината пред повеќе од 50 години?

Абе нивно е да „брујат„ и да си го рекламираат криптото - наше е @Oktar да ги подспуштиме на земја и да ги вратиме во реалност кога ќе се занесат премногу (y)

одговори 2 лајкови

Свесен си дека ова не е нешто што ќе може да го копаш во подрум, така? Дека вредноста ќе биде врзана со "книжното" евро и дека нема да флуктуира 20% во 24 часа? Дека блокчејн е технологија а не криптовалута? Дека земјата е округла и дека слетавме на месечината пред повеќе од 50 години?

Абе нивно е да „брујат„ и да си го рекламираат криптото - наше е @Oktar да ги подспуштиме на земја и да ги вратиме во реалност кога ќе се занесат премногу (y)

Мислите дека криптовалутите ќе исчезнат или ослабнат поради ова? Ова е само официјализирање на технологијата зашто видоа каков потенцијал има. Кинезите одамна го увидоа ова со дигиталниот јуан, овие сега не ни имаат друг избор освен дигитално евро. Да не беа криптовалутите жими газо што ќе се одлучеа на ваков потег.
Во најголема опасност се банките.

одговори 2 лајкови

Мислите дека криптовалутите ќе исчезнат или ослабнат поради ова? Ова е само официјализирање на технологијата зашто видоа каков потенцијал има. Кинезите одамна го увидоа ова со дигиталниот јуан, овие сега не ни имаат друг избор освен дигитално евро. Да не беа криптовалутите жими газо што ќе се одлучеа на ваков потег.
Во најголема опасност се банките.

Ако почнат со „официјализирање“ на вакви валути, како сакаш крсти ги, дали крипто дали дигитални, дали интернет валути, криптото како заедница во целина, ќе расте уште поише.

Ако пак се реализира валута од ваков тип, која ќе биде огледало на еврото како реален производ, тогаш и самите банки ќе почнат да се надградуваат во тој правец. Веќе се измислуваат токени кои фунцкионираат помеѓу самите банки а знак прашалник е кога ќе почнат и различни „токени“/валути да се користат и помеѓу различни банки или пак како прифатливо секундарно платежно средство.

Се ова ќе доведе криптото уште толку да се пуни, ќе се измислуваат нови производи и технологии, а ние пак ќе немаме графички и процесори за нормални пари. Плус, ако сега има заебанции(превари) со крипто, тек тогаш ќе биде лудило.

одговори 1 лајкови

А што ако ти изгори хард дискот? Кој ќе ти ги врати еврата?

одговори 4 лајкови

А што ако ти изгори хард дискот? Кој ќе ти ги врати еврата?

У самиот блокчејн се :D Ти тешки научи го напамет пасвордот и фразите и од било кое место у светот можеш да пристапеш. Ти треба само пристап до пц и нет.

Мислењето е автоматски споено:

Свесен си дека ова не е нешто што ќе може да го копаш во подрум, така? Дека вредноста ќе биде врзана со "книжното" евро и дека нема да флуктуира 20% во 24 часа? Дека блокчејн е технологија а не криптовалута? Дека земјата е округла и дека слетавме на месечината пред повеќе од 50 години?

Па секако овака или онака копаме евра, долари, етеријуми, биткоњи и т.н на коишто крајната дестинација му е пак еурото.
Увиди низ Скопјево само колку криптоменувачници се отворени во последно време.

одговори 1 лајкови

Увиди низ Скопјево само колку криптоменувачници се отворени во последно време.

Колку?

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
33 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk