{mosimage}Европската Унија ќе започне поконкретна борба против мулти-милионската педофилска индустрија, поточно детската порнографија онлајн. Имињата за луѓето кои се сомничат дека профитираат од детската порнографија се дадени на властите на 27 Европски држави.
„Ова е со цел илегалните веб оператори да не пребегуваат од една во друга држава“ – рече францускиот министер за внатрешни работи Michele Alliot-Marie кој претседавеше со разговорите.
Со планот како-против-педофилијата се бара ЕУ земјите членки да се координираат меѓусебе во борбата против мулти-милионскиот порно бизнис. Ќе биде отворен и „алармен“ центар со кој ќе бидат поврзани националните власти.
{mosimage}
Европската комисија му даде 300.000 евра на Европол, европската полиција, за поставување на овој центар од каде ќе се збираат сите информаци и координираат акциите за сите ЕУ членки. Ова е дел од 55 милионскиот буџет за проектот „Побезбеден Интернет“ на кој ќе се работи од 2009-2011 година.
„Хардкор“ статистиката покажала, преземена од Missing Children Europe* дека:
- 39% од порнографските слики се со деца од 3 до 5 години, 19% се под 3 години
- Во 2003 бројката на педофилската содржина онлајн се дуплирала
- Во 2007 има 16% повеќе порнографски слики онлајн
- Telefono Azzurro (Италија) во 2007 работеле на 192 случаеви од кои 45% биле меѓу 0 и 5 години
- Child Focus (Белгија) во 2007 имале 2562 случаеви …
*статистиката е преземена од сајтот на Missing Children Europe во кои се наведуваат разните извори од каде сајтот ги има зберено резултатите