0 коментари 3 мин. читање 7 февруари, 2013

ЕУ ќе ги принуди важните институции да пријавуваат сајбер напади

Европската Унија вели дека за да се има развиена дигитална економија пред се е потребно да се има безбеден сајбер-простор, но за да се постигне таа цел ќе биде потребно сите земји-членки, институции и компаниите да соработуваат заедно. Унијата објави предлог-стратегија за заштита на отворениот интернет и онлајн слободите во која повикува на централизицан систем со кој ќе ја реши фрагментацијата, и ќе обезбеди поефикасна заштита од сајбер нападите и онлајн измамите.

Предлогот – кој ќе треба да биде одобрен првин од Европскиот Парламент – ги обврзува земјите-членки креираат тим за компјутерски криминал (CERT) кој ќе има законска обврска да соработува со другите тимови од другите земји-членки. Земјите ќе мора да постават систем за мониторинг врз компани кои се критични за економијата, како банки, болници, компании за јавен превоз и електрани.

Тоа што се разликува овој предлог од претходните обиди за вакво регулирање, е што сега сите важни компании мора да ги пријават нападите, наспроти кога беше оставено на волунтерска база кога пријавуваат напади само кога се пробиени кориснички информации. Според новиот предлог, над 42.000 клучни компании ќе мора да пријавуваат сајбер-напади до властите, иако некои од нив стравуваат дека со тоа ќе си ја нарушат репутацијата. Малите компании, пак, со помалку од 10 вработени ќе немаат обрвска да пријавуваат напади.

Според ЕУ, ваквиот предлог ќе доведе до поголема транспарентност и поголема соработка помеѓу компаниите и земјите, што ќе резултира во подобра подготвеност за идни напади.

„За да може сајберпросторот да остане отворен и слободен, треба истите норми, принципи и вредности кои ги има ЕУ офлајн, да бидат аплицирани и онлајн. Основните права, демократијата и законите мора да бидат заштитени во сајберпросторот. ЕУ работи со своите интернационални партнери како и граѓанските организации и приватниот сектор за да ги промовира овие права ширум светот.“, вели потпретседателката на Европската Комисија, Катерин Аштон.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top