Aмериканските Федерални резерви го потврдија нападот од Anonymous

Федералните резерви на САД потврди дека хактивистите Anonymous им ги пробиле серверите и им украле податоци. Но, една од највлијателните финансиски институции во земјата не сакаше да открие дали се работи за профилите, адреси, телефонски броеви и лозинки на над 4.000 директори и менаџери од разни банки, кои Anonymous ги објави јавно пред во четири дена.

Институцијата испрати имејл до хакнатите странки дека нивните лозинки не се компромитирани, и потврди дека хакнатата листа е всушност база на податоци за контакт во случај на природна катастрофа. Според Федералните резерви, нападот немал никакво влијание врз критичните операции на нивниот систем.

Anonymous го објавија хакот во недела, за време на американскиот Super Bowl. Нивната порака ја содржеше фразата „Operation Last Resort“ која хактивистите ја користат да покажат дека нападите се одмазда за смртта на Арон Шварц, програмерот кој се самоуби неодамна поради депресија предизвикана од судските гонења. Шварц беше на суд бидејќи нелегално симна милиони академски дела кои сакаше да ги објави бесплатно на нет. Поради тоа дело тој се соочи со можна затворска казна од 35 години.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments