0 коментари 2 мин. читање 22 март, 2016

Над 68 отсто од дигиталните издавачи гео-блокираат содржини во Европа

Иако Европската Унија сака да овозможи единствен пазар на веб содржина на своите граѓани, сепак во моментов дури 68 отсто од провајдерите на дигитална содржина во Европа гео-блокираат таков пристап. Дури 74 отсто од телевизиите имаат некаков договор за лиценцирање кој овозможува продавање на правата за емитување во различни држави.

Европската Унија сега бара од креаторите на дигитална содржина да ја лиценцираат содржината за целиот регион – сите држави кои се дел од Унијата. Компаниите сè уште не ја прифатиле оваа пракса и ја продаваат содржината по региони. Македонските корисници можеа да се запознаат со последиците на гео-блокирањето неодамна, со влезот на Netflix во Македонија. Најголемата интернет телевизија има потполно различна содржина во Македонија, Британија и САД, а токму правата за емитување се дел од проблемот. Европската комисија најавува дека разгледува започнување со анти-монополска постапка, со која во иднина би можела да биде забранета оваа пракса.

P031258000302-142315 (1)

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top