М3Con продолжува денес. Нов спикер на конференцијата е Ерик Смит, кинематограф на Pixar. Можеби не можете да го препознаете името, но секако го знаете Incredibles 2.
Токму овој филм е во фокусот на говорот на г. Смит. Ќе зборува за влијанијата, мотивацијата и имплементацијата во филмот.
Г. Смит ја започна својата кариера во „Pixar Animation Studios“ пред 18 години во одделот за осветлување на „Monsters Incorporated“. Покрај својата работа на ефектите, тој е сликар, фотограф и кинематограф кој ги комбинира елементи од секоја дисциплина во својата работа во Пиксар. Ерик помогна во развојот на многу проекти на студиото, вклучувајќи ги и Wall-Е, Incredibles и Piper. Последно засега беше директор за фотографија на осветлувањето на Incredibles 2.
Говорот започнува од 21:00 може да прегледате или на линкот подолу или директно на страницата на М3DS академијата.
Watch live video from M3DS_Academy on www.twitch.tvDisclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.