Пред неколку месеци ве известивме дека Paragon, несудената MOBA игра на Epic Games, згаснува, а парите на гејмерите се враќаат. По се изгледа, во асетите за играта биле вложени неверојатни 12 милиони долари. Кога веќе играта пропаѓа, би било штета да се случи истата судбина и со асетите. Поради тоа, од Epic ја донесоа одлуката бесплатно да ги подарат сите асети за играта и тоа на сите заинтересирани девелопери во Unreal Engine 4.
„Со огромно задоволство изјавуваме дека асетите на нашата акциона MOBA игра Paragon се бесплатно достапни на Unreal Engine Marketplace,“ објаснува девелоперското студио преку форум пост и додава декa: „Сите тие се бесплатни за безусловно користење во вашите Unreal Engine 4 проекти.“
Во колекцијата се наоѓаат 20 ликови и над 1500 компоненти за околина од несреќната MOBA игра. Од Epic, меѓутоа, не планираат да застанат тука со нивната дарежливост и ветија нови ликови за неколку месеци. Оние кои се заинтересирани да работат со овие ликови и нивните анимации ќе можат да следат стрим на Twitch на 29.март со аниматорот Џеј Хосфелт.
Инаку, Paragon официјално згаснува на 26.април.