Enermax претстави вентилатори кои сами се чистат

0 коментари 1 мин. читање

Вентилаторите помагаат за одржување на температурата на компјутерите во прифатливи граници, но поради движењето на воздухот собираат купишта прашина. На кус рок ова и не е проблем, но по неколку месеци прашината се таложи на преките и вентилаторот работи полошо. Поради ова корисниците или сервисерите треба повремено да ги отворат и зачистат. Ако сте се обиделе да го направите ова, најверојатно знаете дека звучи полесно отколку што навистина е…

df_rotation_-patented
Image Enermax

Компанијата Enermax има ново решение, вентилатори кои самите се чистат од прашина. D.F. Vegas е новата серија на вентилатори, која при вклучувањето се врти брзо во обратна насока за да истресе прашината. Вентилаторите можат да се вклучат да работат во неколку брзини (1.100, 1.300 и 1.500), во зависност од посакуваното ниво на бучава.

Вентилаторите ќе бидат достапни овој месец, но од Enermax сè уште не излегле со точна дата и цена.

https://youtu.be/KDF44ceRL60

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед