Elliptic Labs објави SDK со кој ќе им дозволи на сите заинтересирани Android развивачи да го користат нивниот интерфејс за интеракција без допир со паметни телефони и таблет компјутери. Технологијата со помош на ултразвук го регистрира движењата во околината на уредите и тоа во 3Д простор во агол 180 степени пред уредот. Засега ова е овозможено со дополнителна маска која се додава на телефонот, но Elliptic Labs се во преговори со неколку производители кој би ги додале сензорите за ултразвук во своите телефони.
Дополнителната маска на телефонот содржи предаватели и сензори, а првиот телефон со интегриран ултразвук треба да излезе следната година, јавува The Next Web. Покрај тоа што новиот начин на управување изгледа интересно, се чини дека сепак не носи преголем напредокот во однос на сегашните екрани на допир. Се разбира потребни се само неколку нови креативни начин на примена и управувањето со ултразвук наеднаш може да стане интерфејс на иднината.