2 коментари 2 мин. читање 22 јули, 2011

Експлозија во Осло пред канцелариите на премиерот – видео, слики, реакции и информации на Twitter

Повеќето Twitter корисници се шокирани како Осло може да биде мета на терористички напад откако експлозија ги уништи канцелариите на норвешкиот премиер и други владини институции. Премиерот Јенс Столтенберг не бил во канцеларијата, но биле многу други луѓе. Мртви се најмалку двајца, а се повредени десетица луѓе. Има и информација дека се чуло пукање по експлозијата, наводно луѓе облечени како полицајци пукале во младински камп на Работничката партија.

Во моментов се спроведува истрага, а норвешката полиција ги евакуира луѓето од центарот на Осло поради сомневање дека може да има уште експлозивни направи. Се претпоставува дека експлозијата била од автомобил-бомба бидејќи на местото имало остатоци од автомобил. Според BBC, пред неколку недели имало апсења на исламисти во Осло, што може да биде мотив за нападот.

Во моментов на Twitter се појавуваат се повеќе слики и видеа од норвешки граѓани кои ги користат мобилните да споделат информација (сликата погоре е од @Viciousviking), како и новости за терористичкиот напад од новинарите кои се на настанот.

Подолу е виџет од Twitter со хаш=таг #oslo кој содржи листа на најнови информации, слики и видеа, како од YouTube така и линкови за стримови во живо.


Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
перица
перица
14 years ago

Епа сакаат да демонстираат сила во Либија, Авганистан, ете им сега одмаздата ги стигна.

стефан
стефан
14 years ago

Муслиманите не се варвари, Северно европските земји се познати во историјата по својот варваризам (викинзи) очигледно е дека ни малку не се промениле варварите останава варвари.

Мени
Заедница
Изглед
To top