Најголемата предност на Print Conductor e тоа што ви дозволува да печатите најразлични фајлови од еднаш. Имено, можете автоматски да печатите документи кои се во најразлични формати, без да имате потреба да го отворате секој документ посебно. Едноставно фатете и повлечете ги сите документи кои сакате да бидат испечатени во прозорецот од програмот и, од тука, изберете што и како сакате да се печати. На овој начин, значително се заштедува време и не се бара од вас да имате инсталирано еден куп програми кои се потребни за отворање и манипулација со документите.
Print Conductor поддржува над 75 видови на документи, а работи со сите печатачи. Па така, откако ќе ги прикачите документите, изберете го вашио принтер од само-паѓачкото мени и кликнете на Start Printing. Корисно е и тоа што можете да вршите еxport и impot na листите со документите.
Најновата верзија на Print Conductor е подновена со целосно нов интерфејс и надополнети можности за процесирање фајлови. Би можело да ве израдува и новото јазиче за напредни поставки, како и проширена поддршка за дополнителни видови податоци. Со седмата верзија, авторите ветуваат дека процесирањето на Word и PDF документите е двојно забрзано.