0 коментари 2 мин. читање 22 август, 2018

Еден час за отстранување терористички видеа од друштвените мрежи или казна

Европската унија најавува казни за сите друштвени мрежи кои нема да бидат ажурни во отстранувањето на терористички видеа. Европската комисија работи на закон кој ќе ги обврзе друштвените мрежи и веб сајтовите за еден час да ги отстранат овие видеа. Ако е потребно повеќе од ова, платформите се соочени со казни.

Засега Комисијата работи на нацрт законот. Всушност станува збор за поригорозна верзија на насоките од одлука која Европската комисија ја донесе во март. Предвидениот рок за реакција и тогаш беше 60 минути, но тоа беше препорака; сега се работи на законско решение кое ќе ги обврзе друштвените мрежи да реагираат навремено или да платат казни. Нацрт законот ќе биде пред јавноста, веќе следниот месец, јави BBC.

„Европа ќе преземе посилни мерки за да ги заштити своите граѓани“, вели Џулиан Кинг, комесар за безбедност.

Целта е да се намали периодот во кој терористичките содржини и прават најмногу штета, првите неколку часа по издавањето. Со законот овој период значително ќе се скрати. Дополнително, најверојатно најголемата опасност ќе биде од претерано отстранување на содржина. Главната причина за ова е што законот ќе важи подеднакво за сите, па помалите платформи кои и немаат доволно луѓе можеби ќе одберат да ја отстранат секоја содржина која ќе биде пријавена како терористичка опасност.

Ригорозните мерки можеби и се оправдани имајќи ги предвид сите терористички закани и напади на европско тло последните неколку години. Жителите на Париз, Лондон, Манчестер, Мадрид и Берлин беа мета на напаѓачи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top