0 коментари 3 мин. читање 15 септември, 2015

Eatsa, првиот целосно автоматизиран ресторан

Дали технологијата во иднина во целост би можела да ги промени рестораните и нивниот начин на работење? Пред неколку недели во Сан Франциско е отворен првиот комплетно автоматизиран ресторан Eatsa. Неодамна TechCrunch го посети ресторанот, а услугата и изгледот може да ги погледнете во видеото подолу.

Првата работа која можат да ја забележат посетителите е недостатокот на персонал, но и големиот број на таблети поставени секаде наоколу. На еден од ѕидовите се наоѓаат „кутии“ со дисплеј на кој корисниците можат да ја видат својата нарачка, но и времето потребно за довршување и фазата во која е приготвувањето во моментот.

Корисникот влегува, ја внесува картичката, го одбира јадењето и за неколку минути храната е готова и доаѓа јадењето. Се чини дека со отстранување на персоналот значително се скусува времето поминато чекајќи ја нарачката, иако сепак станува збор за навистина едноставна храна.

Подготвувањето на храната не е целосно автоматизирано, но во Eatsa велат дека доколку се покаже економски исплатливо би сакале да го автоматизираат. Податоците како името на корисникот го добиваат од платежната картичка, а потоа се користи за покажување на кутијата од каде посетителите треба да го подигнат јадењето.

Идеата зад Eatsa е рестораните да бидат испорачани во контејнери и да бидат оставани во населби каде нема извор на здрава храна. Бидејќи единствен начин за плаќање е преку телефон или картичка сервисот може да понуди поволности и попусти за постојаните корисници, вели Дејвид Фридберг, кој е основач на ресторанот.

Речиси без сомневање никој нема да го посети ресторанот за отмена вечера, но тоа и не е идејата. Креаторите се надеваат дека Eatsa ќе биде омилено место на вработените во околината, а ова може да се забележи и на менито, храната е лесна за јадење и од неа нема да им се приспие на корисниците. Планот на Eatsa е ланец на расторани, но ова најверојатно ќе зависи од прифаќањето и успехот на првиот ресторан.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top