Пародија или не, за само еден ден од објавувањето на 7-ми март, видеото е прегледано над 800.000 пати.
Рекламата започнува со Кинан Кејхил кој стана вирален хит пеејќи популарни поп песни на плејбек, па се користат слатки кученца и папагал бидејќи „животните се хит на Интернет“, а по нив бебиња кои играат, па Double Rainbow… сé со цел да се добијат што е можно повеќе прегледи на видеото.
Поентата на оваа неоригинална, но сепак забавна реклама е дека со интернетот се воведоа нови правила во маркетингот каде за успешна кампања се гледа само таа што ќе стане вирален хит, реклама која ќе биде споделена и дискутирана низ друштвените мрежи.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.