Двојна тастатура и скенинг детектор пронајдени на банкомат во Аеродром

Банкомат на булеварот Видео Смилевски Бато во Аеродром е цел на напад. Граѓанин кој го користел банкоматот забележал двојна тастатура и скен-детектор и ова го пријавил во полиција. По проверката е потврдено дека станува збор за нелегално поставена опрема.

„Skimming“ напади

Двојната тастатура и скен-детектор му овозможуваат на напаѓачот да дојде до чувствителните податоци од платежната картичка. Скен-детекторот го чита бројот на платежната картичка и со собраните податоци злонамерните хакери може да направат копии на картичките.

Вообичаено овие скенери се поставуваат на места каде често се користат платежни картички, банкомати, бензиски пумпи и слично.

Дополнителната тастатура овозможува напаѓачот да дојде и до PIN-от на картичката и да го користи за да ја испразни сметката. Вообичаено за ова се користи мини камера која е прикачена некаде на банкоматот, но и дополнителната тастатура е хардвер што се користи.

Како да се заштитат корисниците?

Нападите со кои се крадат податоците од платежните картички на корисниците не се едноставни да се забележат. Банките ако се малку повнимателни можат да забележат деека некој ги злоупотребува, во зависност од бројот на поплаки кои ги добиваат од корисниците.

Корисниците за да се заштитат можат да користат банкомати кои се повидливи, па на нив може да е потешко да се инсталираат додатоци, но ова не е гаранција.

Ако нешто изгледа сомнително со банкоматот, корисникот воопшто не треба да го користи. Покривањето на тастатурата со рака помага за заштита од напади кои користат камери, но не и кога се користи тастатура.

Најважно ако забележите нешто сомнително веднаш известете ја банката. Ова важи и за сите корисници кои го користеле банкоматот на бул. Видео Смилевски Бато.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] што објави IT.mk, на булеварот Видео Смилевски Бато во Аеродром е […]