{mosimage} Kоја е поентата на „//“ во УРЛ адресата? Поента нема, вели човекот кој ги дизајнираше
адресите. „Можев лесно да дизајнирам УРЛ без двете „//“ после „http:“. Но на времето ми изгледаше како добра идеја.“ вели г-дин. Бернарс-Ли кој додава дека тоа е единственото нешто за кое жали што го направил при дизајнирање на www мрежата.
Сир Тим Бернарс-Ли го откри (не)значењето на „//“ во интервју со Стив Лор, новинар на New York Times, за време на технолошки симпозиум во Финската амбасада во Вашингтон на кој се доделува
награда за технолошки достигнувања. Повеќе за настанот тука.
Двете коси црти „//“ биле програмска конвенција во времето кога г-дин. Бернарс-Ли работел во CERN каде што во 1990 година го
создаде модерниот интернет.
„Замислете колку принтана хартија е потрошена во изминативе години за тие два непотребни знаци. Кој знае колку време е потрошено во куцање на истите.“ вели г-дин. Бернарс-Ли.
За наша среќа, веб прелистувачите автоматски
вметнуваат „http://" откако ќе се напише адресата.
Во останатиот дел од интервјуто од симпозиумот во Финската амбасада, Тим Бернарс-Ли зборува за поврзаноста на податоците на интернет, дека тие податоци не се доволно организирани за да можеме да ги користиме. Затоа е потребна „семантичка мрежа“ или „поврзани податоци“.






