Dropbox се поднови со поразлични можности за споделување големи фајлови

Не е никаква тајна дека можете да споделувате фајлови со кого било преку клауд сервисот Dropbox. Иако процедурата е едноставна, сепак беше осмислена на начин кој не одговараше на сите корисници. Имено, споделениот фајл не само што може да биде менува од останатите соработници, туку и лесно можеше да биде видено какви надополнувања се прават врз оригиналниот документ.

За онаа група од корисници кои не сакаат вакви опции, Dropbox има позајмено трик-два од WeTransfer. Се работи за нова услуга која се вика Dropbox Transfer. Преку неа, можете да изберете за одредени фајлови од вашиот Хард диск, или Dropbox облакот да бидат генерирани линкови кои, подоцна, ги праќате на заинтересираните страни. На овој начин, корисниците се ограничуваат така што се принудени да ја преземат содржината, без никакви можности за менување на оригиналната верзија.

Најголемиот „проблем“ кај Dropbox Transfer услугата е тоа што бесплатната верзија се одликува со непријатни ограничувања. Корисниците кои не сакаат да посегнат по паричникот можат да генерираат линкови за податоци чија големина не е над 100MB. Сите останати имаат на располагање неколку платежни планови кои ги креваат рестрикциите од 2GB па сè до 100GB. Згора на ова, платежните корисници можат да постават датуми за уништување на линковите, како и да ги заштитат податоците со лозинки. Најинтересно до сè, можете да проверувате и колку пати некој пристапил кон одредени фајлови, како и да се прават трансфери помеѓу десктоп и iOS апликациите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments