Популарното веб складиште, Dropbox, сега автоматски детектира и складира скриншотови, веднаш во моментот кога сте ги направиле. Дополнително, Dropbox креира и линк до скриншотот за да може да го споделите веднаш со колегите или пријателите. Иако автоматското складирање веќе подолго време е достапно кај разни веб складишта, сепак Dropbox со својата едноставност се издвојува како прв избор за чување на фотографии и слики, покрај другите документи. Складирањето на скриншотови е достапно за PC и Mac, a можеби наскоро да го видиме и за мобилните верзии. Кај Mac верзијата e додаден и Importer за префрлување на слики од iPhoto во Dropbox.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови








