0 коментари 2 мин. читање 20 април, 2021

Дознајте кои програми најмногу го користат вашиот хард диск со AppReadWriteCounter

Во случај да забележувате забавена работа во Windows 10 оперативниот систем или пак да го слушате вашиот хард диск како „тропка“ и врти погласно од вообичаеното, шансите се дека некои програми го користат за читање и запишување невообичаено висок број од податоци на вашиот хард диск.

AppReadWriteCounter е уште една алатка од огромниот каталог на талентираните NirSoft. Со неа, надгледувате како секој програм работи со вашиот хард диск, со што брзо, лесно и ефикасно можете да дознаете кои програми се осмелуваат да го тормозат оваа парче хардвер.

Application Read Write Counter

Најновата верзија на AppReadWriteCounter се одликува со опција за самопокренување, односно автоматски да се вклучува секој пат кога ќе го вклучите компјутерот за да може веднаш да започне со надгледувањето и идентификувањето на проблематичните програми. За таквото нешто потребно е да кликнете на Options откако ќе се вчита програмот, па да изберете Put Icon On Tray.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top