Дознајте како го трошите вашето време со Smarter Time

Smarter Time е Android апликација која го следи секој ваш момент поминат со вашиот телефон и го прикажува таквото нешто во соодветни категории и табели. Апликацијата користи сервиси за локација и сензори од вашиот телефон за да проба да извлече заклучок што и колку долго работите одредено нешто за да можете полесно да видите на што највеќе го трошите вашето време и дали е потребно да ставите крај на одредени навики. Па така, доколку посетите одредено место или пак се шетате или возите велосипед, апликацијата ќе проба да ја идентификува и забележи таквата активност. На сличен начин, Smarter Time ќе води евиденција и за тоа колку време поминувате со одредени апликации, колку време се задржувате на интернет, и слично. Ваквото нешто може да биде корисно во контролирање на помладите.

Smarter Time е апликација со интересен концепт, но релативно лоша изведба. Често пати, телефонот може погрешно да протолкува одредени активности. Многу „нејасни“ активности нема да бидат вметнати во соодветни категории и ќе останат како не класифицирани.  А, и да не ни зборуваме за тоа колку брзо Smarter Time ја троши вашата батерија. Еден корисник се изјаснил дека по недела дена користење на апликацијата, добил извештај дека спиел само 22 часа, а 100 часа биле не класифицирани и не припаѓале на ниедна категорија. 

iOS корисниците имаат на располагање и бета верзија од програмот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk