1 коментар 1 мин. читање 3 септември, 2021

Дознајте интересни работи за Италија со играта Italy. Land of Wonders

Italy. Land of Wonders е игра за iOS и Android напојувани направи. Играта е направена во тесна соработка со министерството за надворешни работи на Италија и е замислена да забави, но и да информира преку најразлични фотографии и текстуални податоци за богатата историја и култура на Италија, никако не исклучувајќи ги и кулинарските способности на овој народ, како и импозантните архитектонски остварувања.

Што се однесува до самата игра, во Italy. Land of Wonders барате 20 магични кристали кои се распространети низ исклучително важни обележја. Играјќи како помошник во светилник, потребно е да поминете низ лавиринт, внимавајќи притоа на времето, ограничените потези и отклучување премини преку константно ротирање. Правите паузи во гејмплејот преку читање над 600 приказни, вести или интересни факти за Италија на еден од 11 понудени јазици.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top