0 коментари 2 мин. читање 25 ноември, 2019

Дознајте го изворот на вашата болка со Painspot

Во денешно време, нема некој да не има проблеми или со вратот или со половината, или со нозете.  Во случај да болката која ја чувствувате почнува да влијае во извршување на вашите секојдневни обврски и начин на размислување, потребно е веднаш да се консултирате со лекар. Но, Painspot е веб сајт кој, во меѓувреме, би можел да ви помогне за подобра идентификација на изворот и причините за болката.

Посетете го сајтот и потоа започнете интерактивен квиз каде е потребно да ја идентификувате болката и да одговорите на десетици прашања поврзани со неа. По испрашувањето, алгоритамот на сајтот ќе предложи соодветни објаснувања, препратени со илустрации и совети за што понатаму. Имајте во предвид дека интеракцијата и податоците се на англиски јазик, се работи за американски сајт.

Доколку ја оставите вашата и-мејл адреса, редовно ќе добивате текстови кои се поставуваат на сајтот Creaky Joints.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top