0 коментари 2 мин. читање 25 октомври, 2019

Дознајте ги ризиците зад социјалните мрежи, игри и апликации со Net Aware

Според едно истражување во Велика Британија, скоро 30 проценти од децата, со возраст од 9 до 13 години, признале дека ги споделиле нивните детали со странци со кои се запознале онлајн. Ова дефинитивно загрижува, а страв нѝ е да претпоставиме колкав би процентот бил во нашата земја.

Мотивирани од анкетата, NSPCC и О2 решија да го модернизираат и прошират веб сајтот Net Aware.

На релативно новиот сајт, ќе наидете на бројни информации и совети за пристап кон социјалните мрежи, игрите и апликациите. За секоја мрежа, игра, или апликација се нуди оценка во поглед на насилни содржини или можност да се искористи за булинг (малтретирање на децата).

Како што кажува и името на сајтот, Net Aware се труди правилно да го информира посетителот за тоа како функционираат социјалните мрежи, игрите, или апликациите и како можат да бидат искористени. За пофалба се и бројните професионални текстови кои детално ги обработуваат овие проблематики и нудат интересни совети за правилно справување. Сево ова е проширено и со корисни повратни информации од страна на останати родители и деца. За уште подобра информираност, би можеле да го оставите и вашиот имејл и да добивате корисни известувања на неделно, односно месечно ниво.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top