0 коментари 1 мин. читање

Double Dog е апликација поради која некој ќе настрада

DoubleDog е апликација која на корисниците им овозможува да ги предизвикаат своите пријатели и познаници, и да им постават различни задачи. Доколку си помисливте „тоа не може да е добра идеја“, тогаш се согласуваме.

Апликацијата овозможува на секој корисник да понуди пари и да испорача предизвик. Доколку предизвикот е исполнет прeдизвиканиот добива исплата; доколку е одбиен, предизвикувачот добива исплата во двојна вредност од понудената. „Игрите“ можат да се играат за пари или за поени. Доказот за завршениот предизвик е видео, кое се испраќа на предизвикувачот.

Досега има видеа на корисник кој јаде црв и корисник кој го става јазикот во вентилатор, а само прашање на време е кога некој ќе добие поглупава идеја. Најверојатно веќе додека го читате текстот ви текнува на некој познаник кој ќе направи се за пари или барем да ви докаже дека е во право.

Апликацијaта е достапна за iOS и Android.

 

Апликацијата како да е дел од кампањата за филмот Nerve кој моментално се емитува во Cineplexx, во кој главните глумци учествуваат во слична онлајн игра која ја следат онлајн голем број на корисници и им задаваат предизвици.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top