0 коментари 2 мин. читање 26 април, 2017

Dota 2 Kiev Major, втор ден и крај на групната фаза

Вториот ден на Kiev Major донесе идентичен резултат за Thunderbirds и Сакса. Со победа во првиот натпревар и пораз во вториот, тимот е на 8 место на тaбелата пред почетокот на елиминационите натпревари.

Thunderbirds со 2:1 победија против кинескиот тим, Team VGJ, а со истиот резултат загубија од европскиот тим OG. Со ова тимот на Сакса обезбеди учество во елиминациите во горниот дел на табелата. Нивниот противник во следната фаза е северно-американскиот тим Evil Geniuses. Во поинаков состав Evil Geniuses во 2015 година го освои The International 2015. Ова нема да биде прв натпревар на Thunderbirds против EvilGeniuses, минатата година на International како Digital Chaos ги совладаа со 2:1.

Натпреварите продолжуваат на 27 април, а следниот натпревар на Thunderbirds е на 28 април. Еве мало потсетување на еден од претходните натпревари, првата партија помеѓу двата тима од минатогодишниот International.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top