Мали роботи што се разминуваат со луѓето на тротоар и во термички изолирани кутии носат храна, би можеле да бидат иднината на доставата на јадење. Возилата во прво време можеби ќе бидат управувани од оператор, но нема причина зошто во иднина да не бидат автономни.
На почетокот на март властите во Вирџинија одобрија достава со роботи. Тогаш беше најавено дека наскоро истото може да го направи и Флорида. Сега TechCrunch забележа дрон за достава на Yelp/Eat24 на улиците на Сан Франциско. Дури и на помалку технолошки напредните доставувачи како UberEATS, иднината им е во автономната достава.
A @Yelp / @Eat24 delivery robot is doing a photo shoot in the mission pic.twitter.com/z4Dd2UJxh9
— Ryan Lawler (@ryanlawler) March 17, 2017
Роботот во Сан Франциско засега беше единствено на фотосесија. Yelp/Eats24 го користат роботот на стартапот Marble и според податоците на TechCrunch, ова е прототип. Marble е уште една компанија основана од поранешни студенти од Carnegie Mellon кои своето искуство потоа го собираат во Google и Apple.
Целта на автономните мини возила кои можат да доставуваат храна е да ја исклучат доставата со луѓе. Со исклучувањето на луѓето доставата ќе биде поевтина, а со тоа и цената на храната може да биде пониска.







