Дополнителна линија на одбрана со Malware Fighter 7

Имање солидно безбедносно решение во форма на антивирус е задолжително, особено кога ќе се земе во предвид крајната тврдоглавост на вирусите. Но, имање само антивирус понекогаш не е доволно и одреден malware може да се провлече и вдоми во вашиот компјутер. Поради тоа, се препорачува наметнување втора линија на одбрана, а најновата верзија на Malware Fighter се чини повеќе од достојна.

Malware Fighter беспрекорно работи паралелно со вашето антивирусно решение и будно надгледува безбедносни неправилности во форма на malware, ransomware, или cryptojackers. Во случај на валидна детекција, алатката брзо ја блокира и отстранува штеточината.

Според компанијата зад продуктот, IObit, првичното скенирање со најновата верзија е забрзано до 63%. Седмата верзија на Malware Fighter е надополнета за да препознава многу повеќе закани, подобро да ги блокира наметливите pop-up реклами, и поефикасно да става крај на рударите на крипто валутите.

Со Malware Fighter можете да започнете целосно или паметно скенирање. Таканареченото Smart Scan e побрзо, но ги скенира само критичните системски оддели. Независно од ова, алатката нуди заштита во реално време на мрежата, податоците, процесот на покренување апликации, како и на вашиот прелистувач. Имено, Browser Protect спречува какви било промени на предната страна од вашиот прелистувач или во поглед на избраниот енџин за пребарување. Паралелно со ова, ги скенира сите преземени или прикачени фајлови пред да ви дозволи да ги отворите, а никако не дозволува имплементација на дополнителни ленти со алатки или плагини.

Сево ова е возможно со бесплатната верзија на Malware Fighter, но платежната верзија се чини значително поефикасна затоа што нуди уште еден енџин за скенирање, овојпат од Bitdefender. По цена од 20 евра годишно, добивате подобар чувар на вашите камери за да не се лесно шпионира преку нив, како и поефикасна заштита на вашите чувствителни податоци.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments