0 коментари 2 мин. читање 31 мај, 2016

Добредојдовте во иднината во која имате домашен робот со име Zenbo

Asus нѐ изненади и воодушеви со новиот домашен робот Zenbo. Ако до неодамна изгледаше дека за да имаме робот како член на семејството ќе треба да причекаме уште некоја декада, последните неколку години се чини дека иднината е поблиску од било кога.

Љубителите на цртаниот Jetsons најверојатно се сеќаваат на Rosie the Robot, роботот-домаќинка која расчистуваше и ги пречекуваше сите. Токму ова е првата работа на која ми текна кога го видов Zenbo. Се чини дека засега можностите на роботот се исти како Google Now, Siri или Cortana. Роботот може да ги потсети корисниците за рецептите, да овозможи онлајн купување, па дури и да игра со децата и да им раскажува приказни.

Од претставувањето се чини дека Zenbo некако се интегрира со алката па може да ги добие здравствените податоци и да извести некој од роднините. Слично како и паметните телефони Zenbo може да пушти музика или да фотографира, а Zenbo може да се користи и за управување со паметните уреди во домот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top