0 коментари 2 мин. читање 20 октомври, 2014

До две години затвор за британските тролови

Велика Британија ќе ја продолжи максималната можна затворската казна за интернет троловите. Досегашните шест месеци сега се продолжени на 2 години. Промените во законот доаѓаат по неколку случаи кои ги свртија очите на јавноста, пред се заканите за силувaње на моделот Клои Медли, вели Daily Mail.

„Ова е закон со кој ќе се бориме против свирепоста – и ќе ја покаже нашата одлучност да заземеме став против завивањето на сајбер насилниците. Мора да испратиме јасна порака доколку тролатe ризикувате да одите две години во затвор“, вели предлагачот на законот Крис Грејлинг.

Законот ќе биде на расправа во Домот на лордовите неделава, а законот ќе важи во Англија и Велс, но не и во Шкотска. Според законот ќе биде недозволиво да се испраќаат писма или било каква електронска комуникација која содржи непристојни или премногу навредлива порака, пораки кои се си лажна содржина и за кои испраќачот знае дека се лажни. Дополнително законот ќе опфати дел од т.н. „порно од одмазда“ за кое исто така следува две годишна затворска казна.

„Интернет троловите се плашливци кои го трујат нашиот начин на живот… Никој не би дозволил ваков отров во живо, па не би смеело да има место ниту на друштвените медиуми. Зато сме решени четирикратно да ја зголемиме сегашната казна од шест месеци.“

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top