4 коментари 2 мин. читање 14 март, 2012

Дневник и Утрински се вратија на Time.mk

Дневник и Утрински весник се решија да се вратат на Time.mk по еден месец од повлекувањето. Тогаш причина за повлекувањето на медиумите од агрегаторот за вести беа парите, но сега се чини го променија мислењето откако основачот на Time.mk, Игор Трајковски реши и покрај одлуката на медиумите, да ги излиста како извори но само со линк

„Во разговор со МПМ, побараа да се вратат на Time.mk со едно дополнително барање да ги линкуваме нивните вести без рамка. Тоа е договорот помеѓу Time.mk и МПМ.“

Тој додава и дека набрзо ќе има нова политика на Time.mk во врска со рамката, која и пред две години на медиумите им беше трн во око.

„Вестите на медиумите кои не сакаат да се се линкуваат со рамка, нема да се прикажуваат во рамката. Така мислиме дека е фер и тоа ќе ги мотивира медиумите да влезат во рамката а со тоа читателите полесно ќе ги споредуваат содржините на вестите, што е и една од главните квалитети на Time.mk.“, вели Игор.

Драмата меѓу медиумите и Time.mk започна пред некој месец кога првин Сител и Канал5 се повлекоа од популарниот агрегатор, па потоа сите други поголеми медиуми. Тогаш тие беа категорични дека треба да им се плати, но, тоа што беше интересно е што од три .мк агрегатори, медиумите се повлекоа само од Time.mk. Сител, Канал5, Курир остануваат надвор од aгрегаторот кои споделува само линкови од нив.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Сајбер Трајан
Сајбер Трајан
14 years ago

Рамковното решение и без тоа беше за никаде, добро е што нема да го има повеќе.

@mukaetov
14 years ago

Леси се враќа куќи

Ime
Ime
14 years ago

Јас да сум на местото на Игор, сега јас на нив ќе им побарав пари за да ги ставам на тиме.мк

Ime
Ime
14 years ago
Reply to  Ime

Se slozuvam (Y) Sega gi izgubija posetitelite, i aj da se vratime.. E NEMA..

Мени
Заедница
Изглед
To top