Бројот на производители на дронови е сѐ поголем. Дури ниту на најголемите производители како DJI не им е лесно да пронајдат простор за продажба на своите уреди. Поради ова компанијата на почетокот на годината инвестираше во шведскиот произвидител на камери Hasselblad. Ова истовремено е првиот дрон способен за фотографии од 100 мегапиксели.
Неколку месеци подоцна го имаме првиот производ на ова партнерство, супер моќен дрон со неверојатно квалитетна камера. Уредот е комбинација на M600 Pro дрон, Ronin MX гимбал и H6D-100cc камера. Уредот е претставен на NAB конференциајта во Лас Вегас, јави Verge. Цената на уредот засега е необјавена иако според компонентите би можела да достигне и 40.000 долари. M600 Pro чини 5000 долари, Ronin MX 1600 долари, а камерата Hasselblad H6D-100c би можела да достигне и до 30.000 долари.
Сенозорот на камерата, а и цената јасно покажува дека не е наменета за сите. Уредот може да се користи за мапирање или за фотографирање на пејсажи.