0 коментари 1 мин. читање 19 април, 2016

DJI претстави моќен дрон кој може да носи филмски камери

Кинескиот производител на дронови DJI претстави моќно автономно летално кое значително ќе го поедноставни снимањето на филмските сцени за кои досега се користеа камери на кран. Matrice 600 е претставена на саемот во Лас Вегас, а ја претстави Клаудио Миранда, добитник на оскар за Life of Pi, јави Verge.

Matrice 600 доаѓа во неколку модели, а најголема предност на камерата е прецизноста. Камерата може да се постави на позиција со точност од неколку сантиметри, а софтверот овозможува предефинирање на движењето. Дронот е еден од ретките кои може да пренесува камери кои се наменети за снимање на филмови. „Кога имате опрема која може да направи повеќе работи истовремено, ви овозможува да бидете покреативни“, вели директорот на фотографија, Мајкл Фицморис.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top