Disciples: Domination – Владеење низ хаосот

во Вести

Започнувајќи како мрачен и готски ривал на Heroes of Might and Magic, серијалот Disciples има долга и, без претерување, исклучително турбулентна историја. Од Sacred Lands, преку Disciples II: Dark Prophecy, па сè до контроверзната транзиција со Renaissance, франшизата постојано го бараше својот идентитет, привлекувајќи различни категории од фанови низ годините. Со Liberation, студиото направи храбар чекор и понуди хибриден жанр кој повеќе наликуваше на RPG отколку на чиста стратегија. Disciples: Domination се труди да оди по токму по тој пат, но дали некаде низ Невендар, се сопнува, паѓа, почнува да се врти во круг само за да се врати неколку чекори наназад?

Де на ваму, де на таму

Disciples: Domination е игра со тактичка turn-based борба. За разлика од класичните стратегии каде што управувате со огромни армии, овде фокусот е ставен на помали, специјализирани одреди предводени од херои кои ги движите низ хексагонални полиња. Благодарение на push & pull механиката, единиците физички можете да ги поместувате низ мрежата, фрлајќи ги непријателите во стапици или местејќи ги во центарот на разорни верижни напади. Ваквото нешто бара длабоко тактичко размислување и клучно позиционирање. Нема никакво сомневање дека механиката со влечење и туркање е најдобриот дел од играта. Самата манипулација преку позиционирањето и синергиите помеѓу единиците ја прават секоја борба да е вистински тактички, крајно непредвидлив, спектакл. 

Централен центар за прогресија

Во Disciples: Domination сè е фокусирано на една база која ја надградувате за да отклучите нови единици и способности. Притоа, мора да балансирате помеѓу пет различни фракции, регрутирајќи војници од крајно уникатни раси кои значително се разликуваат едни-од-други. Grievances е еден од новите системи. Овој систем поврзан со незадоволства ве става во улога на судија, а одлуките директно влијаат на репутацијата кај фракциите. Некои одлуки кои ќе ги донесете можат да ви донесат моќни бонуси. Други, пак, може да предизвикаат бунт и значително да ги отежнат работите надвор од бојното поле.

Слично на King’s Bounty, истражувањето на светот се одвива во реално време, дозволувајќи ви да се движите низ мапата, да собирате ресурси и да започнувате битки. Самиот сегмент е освежен и, со самото тоа, раздлабочен со подинамични настани и повеќе интеракција со околината. Но, ако гејмплејот и светот, особено уменичкиот стил, се за пофалба, приказната, во комбинацијата со дискутабилниот квалитет на глумата, забележително потфрлува. Голем дел од дијалозите се неиспиративни и недоволно добро осмислени, правејќи ја целата вербална размена несоодветна за светот во кој се наоѓате. Како резултат, добивате една невообичаена мешавина која остава впечаток како да е генеричка фантазиска RPG игра, а не продолжение достојно за култниот серијал. 

Кога ќе се земат сите работи во предвид, лесно можете да помислите дека Disciples: Domination е безбедно, но компетентно продолжение кое повеќе се труди да игра безбедно отколку да ја револуционизира формулата. Играта најверојатно нема да ги задоволи сите оние кои очекуваат сличен наслов на Disciples II или да ја врати славата на Dark Prophecy во целост, но, тоа не значи дека Domination не нуди длабок тактички систем за сите љубителите на модерните RPG стратегии.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments