0 коментари 1 мин. читање

Дигитална надоградба во Windows 8 Pro ќе ве чини 40 долари

Microsoft ќе дозволи дигитално да го надградите својот XP, Vista и 7 во најновата верзија Windows 8 за само 40 долари, или за 70 долари во продавниците. Но, за да го направите тоа мора да имате легална копија на претходните верзии.

Microsoft на својот блог вели дека ова надоградба ќе биде достапна на 131 пазар, претпоставуваме дека тоа важи и за македонските корисници, иако не најдовме официјални детали.

Понудата која трае 31 јануари 2013 година се однесува на сите корисници, додека тие што ќе купат нов компјутер со Windows 7 ќе можат да го надградата во Windows 8 за само 15 долари.

[youtube]aebfjzdLxJA[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top