Во рамките на City 2011 Technology Conference која се одржува во Њујорк, Blizzard го објави својот тригодишен план најавувајќи дела до 2014 година може да очекуваме 6 нови игри, односно експанзии. Експанзиите кои ќе излезат ќе бидат за Starcraft II и петтата надградба на World of Warcraft. Според најавата Starcraft II ќе биде трилогија а вториот дел од играта ќе биде кампањата со Зерг фракцијата „Hearth of the Swarm“. Се очекува играта да заврши со „Legacy of the Void“.
И покрај тоа што Diablo 3 беше најавуван за оваа година, се чини дека играта ќе биде стартувана на крај на 2012-та, а според планот не постои можност во оваа година да видиме ниедно ново издание од Blizzard, со исклучок на надградбите за World of Warcraft. Тестинг фазата на Diablo 3 треба да започне на крајот на Септември. Една работа е јасна Blizzard се држат до ставот на компанијата да нема дати на излегување се додека игрите не со комплетно готови.
Eден од насловите за кои не се разговараше е Blizzard модот на Starcraft 2, или верзијата на DotA 2 од Blizzard. И покрај тоа што модот беше планиран за издавање заедно со втората експанзија на Starcraft 2, според последните вести проектот е вратен на почеток.
Според непотврдени информации кои претходно се појавија, експанзијата за World of Warcraft e закажана за второто тримесечие во 2012, а следното во последното тримесечие на 2013. Според истотото „соопштение“ експанзијата за Starcraft 2 е најавена за почетокот на 2013, а експанзиите за уште неизлезената Diablo 3, се закажани за 2013 и 2014. А за есента 2013 е најавена ММО од нова генерација Titan. Надвор од гејминг проектите се чини дека конечно е започната работата на филмот Warcraft. Филмот е во соработка со филмското студиото Legend а како можен период за излегување е крајот на 2012.