0 коментари 2 мин. читање 19 декември, 2019

Деветата верзија на Tor прелистувачот ја зголемува безбедноста

Поодамна, зборувавме за тоа како можете да добиете зголемена приватност со Tor прелистувачот.

Заснован на истиот енџин како и кај Mozilla Firefox, овој безбеден прелистувач ја користи моќта на Tor мрежата за да го штити вашето прелистување и да ја маскира вашата локација. На тој начин, прелистувањето е значително посигурно, а и пофлексибилно затоа што можете да посетувате одредени сајтови како да се наоѓате во некоја земја надвор од Македонија (VPN). Згора на тоа, имате на располагање најразлични додатоци за навлекување дополнителни слоеви на безбедност.

Најновата, деветта верзија на прелистувачот се одликува со исклучително важни безбедносни надополнувања за енџинот (се мисли на Firefox 68ESR Extended Support Release). Благодарение на надополнувањата, прелистувачот сега е значително интуитивен, а Tor копчето и самите екстензии се интегрирани во прелистувачот. Дополнително, се користи нова техника која се вика Letterboxing, а е замислена да ги крие димензиите на вашиот екран од сите љубопитни погледи.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top