Децата кои користат технологија се пописмени

во Веб

{mosimage}Според истражување на британскиот National Literacy Тrust децата кои блогираат, се допишуваат со СМС пораки и користат друштвени мрежи се многу поуверени во својата писменост. Истражувањето е извршено со 3.000 деца стари од 9 до 16 години од кои 24 отсто имале свој блог, 82 отсто праќале текстуално пораки, и 56 отсто се на некоја друштвена мрежа. Дури 73 отсто од нив користеле инстант месенџери да комуницираат со пријателите. Севкупно, 75 отсто од децата рекле дека пушуваат редовно.

Интересно, иако постојано се на компјутерите, дури 77 отсто од децата повеќе сакаат да користат пенкало и хартија за фаќање забелешки на часовите.

„Нашето истражување покажува корелација меѓу децата кои користат технологија и поширок спектар на пишување и читање“ вели Џонатан Даглас од National Literacy Trust за BBC.

{mosimage}

Најголемата критика кон истражувањето е насочена кон начинот на кој децата комуницираат, со кратенки, пример: cya l8r, 4ever, lol, omg, kis4e… што за многумина е знак дека со тоа се навикнуваат децата да одат контра граматичките правила и правописот.

Но за г-дин. Даглас истражувањето покажува дека колку повеќе користат технологија толку се повешти во пишувањето и читањето.

Еве го линкот до целиот извештај на Natiоnal Literacy Trust.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments