Детали за законот за дронови и беспилотни летала во Македонија

Најверојатно секој од нас забележал некој од малите дронови, најчесто за хоби кои се продаваат во продавниците во Македонија. Сепак добар дел од овие летала, пред се оние кои се малку поголеми подложат на Закон за воздухопловство; поточно на Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор.

Уредбата за употреба на беспилотни летала, или летала без екипаж во Македонија официјално стапи на сила на 20 декември 2017 (Правдико.мк), а беше надополнета пред некој ден. Со овој закон се ограничува употребата.

За да бидат опфатени со уредбата леталата треба да исполнат барем еден од условите:

  • максимална маса на полетување (MTOW) поголема од 0,5 kg,
  • максимална брзина поголема од 20 m/s
  • максималeн долет поголем од 15m и
  • максимална висина поголема од 15 m

Одредбата не се применува на државните воздухоплови без екипаж.

Леталата без екипаж се поделени во 5 класи:

  • Класа 1 – која опфаќа воздухоплови без екипаж чија MTOW е помала од 0,5 кг., со максимална брзина на лет до 30 м/сек., и максимален радиус на оперирање до 100 м;
  • Класа 2 – која опфаќа воздухоплови без екипаж чија MTOW е од 0,5 кг. до 5 кг., со максимална брзина на лет до 30 м/сек.,и максимален радиус на оперирање до 2.000 м,
  • Класа 3 – која опфаќа воздухоплови без екипаж чија MTOW е од 5 кг. до 20 кг., со максимална брзина на лет до 55 м/сек., и максимален радиус на оперирање 3.000м,
  • Класа 4 – која опфаќа воздухоплови без екипаж чија MTOW е од 20 кг. до 150 кг., без ограничување на брзината, долетот и висината;
  • Класа 5 – која опфаќа воздухоплови без екипаж чија MTOW е поголема од 150 кг.,без ограничување на брзината, долетот и висината;

Кога може да летаат леталата во македонскиот воздушен простор

Леталата кои се опфатени со овој закон можат да летаат единствено ако операторот на воздухоплов без екипаж да поседува овластување за комерцијални операции или овластување за операции за сопствени потреби. Дополнително и воздухопловите без екипаж да се евидентирани/регистрирани, обележани, изградени, пловидбени, одржувани и осигурани.

Леталата кои потпаѓаат по овој закон во зависност од категоријата треба да бидат заведени или во Евиденцијата на воздухоплови или во Регистарот на воздухоплови.

Поделба со реони  на кои може о о да летаат беспилотните летала

Територијата на Македонија е поделени на  4 зони:

  • Реон 1 – Неизградено и ненаселено подрачје во кое нема присуство на луѓе, освен операторот кој управува со воздухопловот без екипаж
  • Реон 2 – Изградено, но ненаселено место во кое постојат изградени објекти кои не се наменети за живеење на луѓе, а во кое е можно повремено кратко задржување на луѓе
  • Реон 3 – Населено подрачје, во кое постојат изградени објекти наменети за постојано живеење и престој на луѓе
  • Реон 4 – Густо населено подрачје, урбани или централни градски зони, како и сите подрачја на кои се собира голем број на луѓе

Кој може да управува со возухоплов без екипаж

За стекнување на дозвола за управување на воздухоплов без екипаж граѓаните треба да исполнат три услови.

  • има потврда за завршена теоретска и практична обука во овластена организација или школски центар согласно со предвидена програма за обука на пилот на воздухоплов без екипаж одобрена од страна на Агенцијата.
  • Наполнети 18 години
  • Доказ за здравствена способност, лекарско уверение кое е издадено во согласност со прописите за персонал во воздухопловството или лекарско уверение за возачка дозвола или лекарско од трудова медицина.

Каде може да се користат возухопловите без екипаж

Сите воздухоплови, без разлика дали се евидентирани или не може да летаат на спортски аеродроми или леталишта по претходна
координација со операторот на аеродромот или леталиштето.

Во зона на спортските аеродроми и леталишта е дозволено летање на воздухоплови без екипаж на висина до 1000ft (300 метри) над терен и во радиус од 1км околу аеродромот само со одобрение на операторот на аеродромот/леталиштето и претходна најава на Контролата на летање за активности на воздухоплови без екипаж.

  • Воздухоплов без екипаж може да лета само во текот на денот.
  • Летање со воздухоплов без екипаж ноќе е дозволено само за оператори кои се овластени за комерцијално работење.

Во рамки на визуелна линија на видното поле, воздухоплов без екипаж може да оперира на максимално растојание од 500 метри хоризонтално и 100 метри вертикално од површината на земјата.

Максималното растојание може да биде поголемо од 500 метри хоризонтално за воздухоплови без екипаж класа 4 и 5, при тоа истиот да биде во визуелната линија на видното поле на операторот
на воздухоплов без екипаж, односно проширени операции на визуелна линија на видното поле.

Воздухоплов без екипаж неможе директно да надлетува или да лета на растојание помало од 100 метри од објектите од значење за безбедноста, објектите на државните органи, како што се:

  • објектите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија,
  • објектите на Министерството за внатрешни работи,
  • Владата на Република Македонија,
  • Собранието на Република Македонија,
  • резиденцијата на Претседателот на државата,
  • дипломатските претставништва,
  • електрани, електрични високонапонски постројки, постројки за складирање и прочистување на вода, казнено-поправни установи и т.н.

За најголем дел од сопствениците на дронови забрането летање на цивилен воздухоплов без екипаж во делот на воздушен простор кој се простира во Контролирана зона – CTR. Во овие зони летањето се прави со одобрение на Агенцијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments