0 коментари 2 мин. читање 25 април, 2016

Децата не ја разликуваат виртуелната реалност од реалноста

Половина од децата немаат претстава за разликите во виртуелната реалност и реалноста, покажува заедничкото истражување на Stanford University и креаторите на популарната детска серија Sesame Street. Истражувањето покажа дека децата искуствата од виртуелната реалност по неколку дена ги помнат како да се случиле во вистинската реалност.

Искуството на лажна реалност е поизразено кај децата во основно училиште, а истражувањата се започнати од 2009 година јави Fatherly. Од тогаш има огромен напредок во виртуелната реалност со едноставни и пософистицирани уреди како Google Cardboard, Oculus Rift, HTC Vive или PlayStation VR.

Предвидувањата се дека оваа година ќе има вистински бум, кога виртуелната реалност е во прашање. За разлика од 2015 година кога се продадени 350.000 уреди, за оваа година е предвидена продажба од 2.000.000 уреди за виртуелна реалност, вели BBC, пренесувајќи ја анализата на IDC. Освен скапите уреди за виртуелна реалност за кои се потребни моќни компјутери или конзоли, тука се и евтините додатоци како Google Cardboard или Samsung Gear VR. Сепак за вистински прифаќање на VR ќе биде потребно подолго време, иако за 2020 година веќе е предвидена продажба од 64.8 милиони уреди годишно. Дотогаш креаторите на содржина ќе имаат доволно време да креираат уникатни содржини кои ќе привлечат повеќе корисници и кои ќе ги „мамат“ децата дека навистина биле на својата омилена локација.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}