Банка остана без 80 милиони долари бидејќи штедеше на евтини рутери

Украдени се 80 милиони долари од Централната банка на Бангладеш преку сајбер напад кој бил можен бидејќи банката штедеше на рутери, кои ги купила на старо за 10 долари. Индиската полиција за пропустот ја обвини банката, јави Reuters. Сепак евтините рутери од 10 долари не беа единствениот проблем, бидејќи банката штедела и на firewall, односно податоците не ѝ биле заштитени.

„Зборуваме за организација која има пристап до милијарди долари, а не преземаат ниту основни безбедносни мерки“, вели Џеф Вичмен, безбедносен експерт. Дел од луѓето на кои им биле префрлени средствата веќе се пронајдени од полицијата, но од напаѓачите засега нема трага. Она што е можеби е позагрижувачки е што користење на неквалитетни уреди го прави и проаѓањето на криминалците потешко.

Всушност целата приказна е помалку комична, бидејќи за пропустот властите дознаа откако напаѓачите минатиот месец не успеаја да префрлат милијарда долари. Причината за неуспехот не е спремноста на безбедносниот тим, туку трапавоста на напаѓачите кои погрешно го напишаа „foundation“ како „fandation“. Ова беше забележано од Deutsche Bank кои го запреа трансферот, иако напаѓачите сепак успеаја да префрлат 80 милиони долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk