Discord ќе продава видео игри

Последниве неколку месеци Steam и Discord почнаа да се имитираат еден со друг. Си крадеа бројни функции до таа мера што повеќето се шегуваа дека ништо чудно и Discord да започне да продава видео игри.

Шегата стана реалност. Набргу по исфрлањето на одделот со игри, кој болно наликува на тој кај Steam, Discord изјави дека ќе започне и со продавање компјутерски игри. Моментално, продавницата е во бета фаза на тестирање и им е понудена само на 50,000 корисници од Канада. Корисниците се бираат по случаен избор и е само за оние кои се претплатени на Discord Nitro.

Но, Discord не планира да го засени Steam со квантитет, туку со квалитет и ќе нуди само игри кои се избрани од вработените на Discord, како и од огромната заедница. Паралелно со ова, еден оддел од продавницата ќе се вика First on Discord и ќе нуди игри кои во првите три месеци нема да се продаваат на ниедно друго место. Првата таква игра е Bad North. Издавачот Raw Fury веќе потпиша договори дека играта ќе се појави на Steаm и Gog дури откако ќе поминат 90 дена од екслузивниот период. Апликацијата на Discord може да ги скенира и прикаже сите игри кои ги имате инсталирано и да ви понуди можности за нивно покренување од самата апликација, независно од тоа каде се купени.

Од Discord признаваат дека веќе подолго време се играле со идејата да нудат компјутерски игри, но не сакале да започнат со таквата монетизација се додека не изградат корисна платформа која ќе ги принуди луѓето секојдневно да ѝ се навраќаат.

„Сега имаме 150 милиони корисници и тајмингот не би можел да биде подобар. Знаевме дека ниту сакаме да продаваме огласи, ниту кориснички податоци и она на што останавме е или да продаваме работи од козметичка вредност, или да продаваме содржини. Nitro беше нашиот обид за првата работа, а сега вклучуваме и игри како дел од претплатата, а градиме и продавница во исто време.“, објаснува челно лице од компанијата.

Споменатата Nitro претплата чини 5 долари месечно или 50 долари годишно. Со неа, корисниците добиваат пристап до следниве игри: Saints Row: The Third – The Full Package, Saints Row IV – Game of the Century Edition, Metro: Last Light Redux, Lost Horizon, Darksiders: Warmastered Edition, Darksiders II: Deathinitive Edition, Kathy Rain, Gonner, Kingdom: New Lands, System Shock: Enhanced Edition, Super Meat Boy, и Bridge Constructor. Како поминува времето, така библиотеката на игри ќе се проширува.

Што се однесува до игрите кои ќе се продаваат на почеток, тестерите од Канада се изјаснија дека на понуда има 11 игри, како Dead Cells, Frostpunk, The Banner Saga 3, Pillars of Eternity II: Deadfire, и Starbound.

Не се знае до кога ќе трае ваквата бета и кога ќе почне да се шири кон останатиот свет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments