Дата центрите на Google учат како да бидат поефикасни

Дата центрите на Google се можеби најдобрите во светот, и не само што се ефикасни при користењето на електричната енергија, туку стануваат и попаметни кога е во прашање следењето на квалитетот на размена на топлината во ладилниците, објаснува Google во блог пост. Google за своите дата центри има PUE од 1.12. PUE го претставува односот на вкупниот влез на електрична енергија во дата центарот и енергијата потрошена во ИТ опрема. Ова всушност покажува дека за секој ват потрошен во ИТ опремата на ладење се трошат 0,12 вати.

„Го пресметуваме PUE секои 30 секунди, а истовремено постојано ги следиме IT-оптоварувањето(количеството на енергија која серверите и мрежната опрема го користат), надворешната темепература на воздухот (која влијае на работата на разладните кули) и нивоата кои треба да ги нагодиме на нашата механичка и опрема за ладење.“ објаснува Џо Кава на блогот на компанијата.

Начинот на кој ова функционира, наликува на препознавањето на говор. Компјутерот анализира огромно количество на податоци, од ова тој ги препознава моделите и „учи“ од нив. Начинот на кој влијаат влезните велични како ИТ оптоварувањето, температурата на воздухот и слично и начинот на кој влијаат едни на други е полесно да бидат препознаени од компјутер кои ја „согледуваат“ поврзаноста помеѓу нив. Моделот на Џим Гао кој го користат во дата центрите на Google успешно ги пердвидува PUE во дури 99.6 отсто од случаите.

Ваквите анализи и иновации во дата центрите овозможуваат подобрување на перформансите на дата центрите и нивна зголемена енергетска ефикасност, со што и намалување на потрошувачката на електрична енергија, објаснува Google.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments