„Dark Patterns“ – трикови кои се користат онлајн и како да ги препознаете

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Веб

„Dark Patterns“ е име за неетичка практика на дел од веб-сајтовите со цел да ги измамат корисниците. Притоа на корисниците нема да има биде нанесена материјална штета, но ќе си го потрошат времето.

Најчесто за ова се користат навиките на самите корисници. Пример, секогаш го бараме копчето за затворање во десниот горен агол и потврдуваме на копче лоцирано во долниот десен агол.

Дел од практиките кои доаѓаат под ова име се:

  • Дополнителни ограничувања објаснети со текст со супер мал фонт.
  • Десетици банери еден врз друг, па кога корисникот се обидува да затвори една реклама отвора друга.
  • Користење на линк кој ве носи на друга локација на местото на „Х“ кој вообичаено го затвора прозорот.
  • Замена на вообичаените локации и поголемо потенцирање на посакуваниот одговор.

Листата на различни злоупотреби е долга, но може да се поделат во неколку категории:

  • Текстот најавува една работа, но се случува нешто непосакувано.
  • Реклами скриени како содржина.
  • Автоматска претплата по завршување на пробниот период
  • Барање на пристап до имејл и друштвените мрежи и потоа испраќање на спам на сите контакти.
  • Невклучување на целосна цена на производот на страницита. Корисникот ги внесува сите податоци, оди од една на друга страница за на крајот да дознае дека цената на производот пораснала. Главни причини за ова се данокот и цената за испорака.
  • Закерирање на приватноста – наречена по основачот на Facebook. Трикови кои корисникот ќе го натераат јавно да сподели повеќе приватни податоци отколку што има намера.
  • Дизајн на сервис кој е супер одноставен да дојдете до негде, а потоа супер тешко да пронајдете како да излезете од тоа место. Доволно добар пример за ова е претплатата на дел од онлајн игрите.
  • Производи кои се додаваат во кошничката. Корисникот купува телефон, а автоматски се додаваат и футрола за телефон или сличен производ.
  • Трик прашање и одговори. Базирано на онлајн навиките на корисниците и честото не читање на целосната содржина туку само брз преглед.

За повеќе податоци и куп примери од на „Dark Patterns“ посетете гои DarkPatterns.org.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments