Dark Age of Camelot ќе стане бесплатна за играње

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Во ред е доколку целосно сте заборавиле на Dark Age of Camelot. Оваа ММО игра излезе во далечната 2001 година, но, од некоја причина, дури во 2018 година ќе добие опција за бесплатно играње.

Девелоперите Mythic Entertainment ќе ја одбележат ваквата транзиција преку новиот мод насловен Endless Conquest. Интересно е тоа што играта ќе биде бесплатна за играње само за нови играчи, а оние кои претходно биле претплатени на играта нема да можат да навлезат во модот. Од студиото се изјаснија дека размислуваат да им дозволат бесплатен пристап на оние чии акаунти биле активни во последните 120 дена, но таквото нешто не е загарантирано.

Како и да е, оние кои ќе се решат да ја проверат прастарата ММО игра ќе бидат пречекани и со огромни ограничувања. Имено, ново-креираните акаунти ќе имаат на располагање само еден лик, четири класи и значително осакатени можности за печалење искуство и пари. Дополнително, нема да можете да користите куќи, да учите вештини за тргување или пак да продавате нешто што вие лично не сте го направиле. Поради ваквите ограничувања, лесно може да се заклучи дека Endless Conquest модот е замислен да понуди краткотраен престој и да проба да ве вовлече во PvP режимот на играње. За сè останато, претплатата се чини задолжителна.

Dark Age of Camelot станува бесплатна за играње дури на есен!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments