0 коментари 1 мин. читање

Danny e паметен велосипед кој ќе го олесни возењето

Denny е концепт на електричен велосипед кој наскоро би можел да стане реалност. Крeиран од Teague x Sizemore, велосипедот има неколку навистина одлични решенија. Велосипедот доаѓа со електричен мотор кој ќе им помага на возачите кога вртењето на педалите ќе стане премногу тешко, а тука е и автоматското менување на брзината. Тука се помошните светла кои се палат при кочење и светлата кои го означуваат вртењето, а доколку преногу се стемни автоматски се палат и светлата за ноќно возење. Воланот се вади и се користи за заклучување на велосипедот што е интересно решение.

„Инспирацијата? Разновидната заедница на нашиот дом Сиетл. Од автоматското менување, помошта од електричниот мотор, паметните светла и редефинирањето на браникот, креиравме најдобро велосипедско решение за Сиетл. Сега не мора да се грижите за ридовите, дождот или ненадејната посета до пазарот“.

Denny е дел од натпреварот на Fuji Bikes во кој според гласовите на посетителите се одбира победникот, а потоа тој велосипед ќе биде изработен од Fuji. На натпреварот учествуваат уште четири други решенија кои се натпреваруваат за првото место.

Oregon Manifest TEAGUE X Sizemore Bicycle from TEAGUE on Vimeo.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top